5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА ЦЕЛА ЕВРОПА ОД ВИЕНА: „Не е прашање дали ќе има...

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА ЦЕЛА ЕВРОПА ОД ВИЕНА: „Не е прашање дали ќе има рестрикции за струја, туку кога“

Постои голема веројатност за ограничувања на електричната енергија во делови од Европската унија во блиска иднина, тврди австриската министерка за одбрана Клаудија Танер.

-Мора да се подготвиме за прекини на струја во Австрија и Европа, предупреди таа.

Министерката Танер во интервју за германски Велт изјави дека очекува наскоро да има големи прекини во снабдувањето со електрична енергија на територијата на Европската унија, пренесува Клајн Цајтунг.

– Не е прашање дали, прашање е кога ќе се случи, рече Танер.

Таа нагласи дека ризикот од широко распространети прекини на струја е значително зголемен поради војната во Украина.

-За Путин, хакерските напади врз снабдувањето со електрична енергија на Западот се средство за хибридна војна. Не треба да се преправаме дека ова е само теорија. Мора да се подготвиме за прекини на струја во Австрија и Европа, рече Танеро.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП