Владата, на денешната седница, го утврди текстот на Предлогот на Закон за изменување и дополнување на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица, предложен од Министерството за финансии.
Со предложените измени, се зголемува највисокиот дозволен износ којшто може да се врати на едно физичко лице за едно календарско тримесечје.

