20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФормирана е првата регионална берза за електрична енергија

Формирана е првата регионална берза за електрична енергија

Операторите на преносни системи од Словенија и Србија, заедно со берзата за електрична енергија на европските земји EPEX SPOT, ја основаа првата регионална берза за електрична енергија за Централна и Југоисточна Европа – ADEX, соопшти денеска Електромрежа Србија.

На 23 декември во Љубљана официјално започна со работа Алпско-јадранско-дунавската берза за електрична енергија – ADEX, првата регионална берза за електрична енергија за Централна и Југоисточна Европа.

Берзата е основана на 23 декември 2022 година во Љубљана, со свечено потпишување од основачите – ELES, EMS и EPEX SPOT.

ADEX е создаден со корпоративното спојување на BSP Southpool и SEEPEX, со седиште во Љубљана и главни постојани канцеларии во Љубљана и Белград, пренесува Тањуг.

Новоформираниот ADEX ќе нуди хармонизирани и уникатни (едношалтерски) услуги за тргување со електрична енергија во Словенија и Србија, со амбиција да го прошири своето работење и во други земји во регионите на Централна и Југоисточна Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП