22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО СКОКНА ДО НЕБО ПРЕД НОВА ГОДИНА: На пазарот се...

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО СКОКНА ДО НЕБО ПРЕД НОВА ГОДИНА: На пазарот се случија промени, една работа доведе до раст

Пазарните играчи ги анализираат податоците од петокот во САД за ублажување на инфлацијата и слабеење на потрошувачката, што би можело да го намали притисокот врз ФЕД дополнително да ги зголеми клучните каматни стапки.

Цената на златото се искачи над 1.800 долари за унца бидејќи Кина укина повеќе мерки за контрола на Ковид-19, зголемувајќи го притисокот врз доларот, кој го продолжува својот надолен тренд во однос на водечките ривали.

Златото на самото место поскапе за 0,5 отсто на 1.807,60 долари за унца на денешното тргување до 16:23 часот по Шангајско време, пишува Bloomberg.

Во пораст се и цените на среброто, паладиумот и платината, додава њујоршката агенција без да прецизира конкретни податоци.

Златото поскапе за повеќе од 8,0 отсто во последниот квартал од оваа година, поддржано од повлекувањето на доларот и надежите дека Федералните резерви (ФЕД) ќе го забават агресивното затегнување на монетарната политика.

Имено, играчите на пазарот ги анализираат американските податоци од петокот за ублажување на инфлацијата и слабеење на потрошувачката, што би можело да го намали притисокот врз ФЕД за дополнително зголемување на основната каматна стапка.

Патниците кои доаѓаат во Кина повеќе нема да мора да одат во карантин почнувајќи од јануари, што ќе придонесе за забрзување на укинувањето на строгите правила за пандемијата и зајакнување на расположението кон најголемата азиска економија, според Блумберг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП