2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрговски договор меѓу ЕУ и Сингапур

Трговски договор меѓу ЕУ и Сингапур

sin1

Европската унија и Сингапур објавија дека е исполнет правниот дел од договорот за слободна трговија, а тоа го отвора патот за потпишување на договорот во почетокот на наредната година.

ЕУ и Сингапур во декември минатата година ги завршија преговорите во поглед на слободната трговска размена.

ЕУ е вториот најголем трговски партнер и најголем инвеститор на Сингапур, пренесува АФП.

Трговската размена меѓу ЕУ и Сингапур достигнува 105 милијарди долари.

Парламентот на ЕУ овој договор треба да го ратификува до крајот на 2014 година, а сингапурскиот парламент до 2015 година.

Во Азија, ЕУ веќе потпиша договори за слободна трговска размена со Јужна Кореја, додека пак, во тек се и преговорите со Малезија и Тајланд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП