1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕРДОГАН НАЈАВИ ГОЛЕМО ОТКРИТИЕ: Во Црното Море пронајдени резерви од 58 милијарди...

ЕРДОГАН НАЈАВИ ГОЛЕМО ОТКРИТИЕ: Во Црното Море пронајдени резерви од 58 милијарди кубни метри гас

Турскиот претседател Таип Ердоган изјави дека во Црното Море е откриено ново наоѓалиште на гас со резерви од 58 милијарди кубни метри.

Претходно весникот Сабах напиша дека Турција ќе инвестира речиси 10 милијарди долари во проект за извлекување и транспорт на 540 милијарди кубни метри гас од наоѓалиштето Сакарија во Црното Море. Според плановите, првиот гас од наоѓалиштето во Турција треба да пристигне во 2023 година. Турскиот министер за енергетика и природни ресурси Фатих Донмез исто така објави дека проценетата цена на гасот откриен во Црното Море е 400 милијарди долари.

-Нашиот брод за дупчење Фатих откри 58 милијарди кубни метри резерви природен гас на длабочина од 3.223 метри под вода – рече Ердоган во своето обраќање до нацијата по седницата на Владата.

Претходно објавените резерви се околу 540 милијарди кубни метри – пренесе РИА.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП