1 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Kia“ се збогува со својот најатрактивен модел

„Kia“ се збогува со својот најатрактивен модел

Веста можеби нема да им се допадне на љубителите на автомобили, но веќе некое време се чинеше неизбежна.

„Kia“ одамна е претпазлива кога е во прашање втората генерација на овој спортски седан. Покрај тоа, корејскиот бренд започна силна транзиција кон електрификација на својата гама.

За работите да бидат уште полоши за „Stinger“, овој модел оттогаш доживеа голем пад во продажбата.

Како што се наведува, во првите девет месеци во Кореја се продадени 1.499 примероци од „Stinger“, што е за 39,1 отсто помалку од претходната година.

Во јули 2021-ва година се појавија гласини дека производството на овој автомобил ќе заврши до вториот квартал на 2022-ра година. Јасно е дека тоа не се случи.

Претходно оваа година, шефот за дизајн на брендот „Kia“, Карим Хабиб, рече дека електричниот модел „EV6 GT“ го има „духот на Stinger“ во себе, што укажува дека корејскиот производител има приоритет на електричните модели пред седаните со високи перформанси кои користат атмосферски мотори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП