Компанијата „Exxon Mobil“ го престигна „Apple“ според пазарната вредност и со 417 милијарди долари повторно стана највредна компанија во светот.
Вредноста на „Apple“ бележи пад по неколку лоши резултати во четвртиот квартал во 2012 година, нејзините акции во четвртокот паднаа за рекордни 12 проценти, што е најмногу од 2008 година, а во петокот акциите се намалија за дополнителни 2,6 проценти.
Од друга страна, „Exxon“ во петокот забележа раст на вредноста на акциите од 10 центи, така што сега акциите вредат 91,45 долари.
„Exxon“ беше водечка компанија во светот според пазарната капитализација до 2011 година , кога „Apple“ се искачи на врвот.
Најголема вредност „Apple“ имаше во септември 2012 година, кога беше претставен новиот „iPhone 5“, тогаш акциите вредеа 705,7 долари, што одговара на пазарната вредност на компанија со околу 660 милијарди долари.