2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Циклонската бомба“ однесе животи - најмалку 32 лица загинаа во ледената бура...

„Циклонската бомба“ однесе животи – најмалку 32 лица загинаа во ледената бура во САД

Најмалку 32 лица загинаа во ледената бура што зафати девет американски држави во последните денови, според новиот официјален биланс на жртви. Многумина загинаа во сообраќајни несреќи поради мразот и слабата видливост.

Поради невремето, десетици илјади американци го прославија Божиќ во темница поради прекини на струја. Повеќе од 150.000 луѓе останаа без струја, а некои железнички линии беа откажани во текот на викендот.

Најмалку 13 лица загинаа само во државата Њујорк, каде снежните наноси на некои места беа високи и до три метри.

Ледена бура има и во соседна Канада.

Синоптичарите соопштија дека само во петокот во Бафало паднале 71 сантиметар снег, а минатиот месец низ градот биле измерени рекордни 1,8 метри снег, кој паднал и за време на претходната зимска бура.

Сегашната бура е речиси без преседан во својот опсег: од Големите езера на канадската граница, до Рио Гранде долж јужната граница на САД со Мексико. Околу 60 отсто од населението на САД се соочува со тешкотии, а температурата е драстично под нормалата, објави Националната метеоролошка служба.

Метеоролозите објавија дека во близина на Големите езера се развил „циклон бомба“: кога атмосферскиот притисок многу брзо паѓа за време на силна бура, предизвикувајќи виулици и силни ветрови.

Жителите на западен Њујорк често гледаат драматични виулици поради „езерскиот ефект“ – кога студениот воздух кој ја собира влагата од топлата вода се движи над земјата каде што паѓа обилен снег. Но, дури и жителите на областа велат дека невремето сега е исклучително опасно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП