22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија е подготвена да го врати снабдувањето преку гасоводот Јамал-Европа

Русија е подготвена да го врати снабдувањето преку гасоводот Јамал-Европа

Русија е подготвена да го врати снабдувањето со гас во Европа преку гасоводот Јамал-Европа, изјави вицепремиерот на Русија Александар Новак.

„Европскиот пазар е сè уште актуелен и ние дефинитивно можеме да го вратиме снабдувањето. На пример, гасоводот Јамал-Европа, кој беше запрен поради политички причини, останува неискористен“, рече Новак.

Протокот на гас низ Јамал-Европа обично оди во западен правец, но правецот во голема мера е променет поради политичките случувања. Во мај, Полска престана да купува гас од Русија поради тоа што ги одби Москва да плати енергија во руски рубљи, наведува Ројтерс.

Газпром потоа одговори со прекин на испораката, велејќи дека повеќе нема да може да извезува гас преку Полска, односно гасоводот Јамал-Европа.

Новак напомена и дека Москва размислува за дополнителен извоз на гас преку Турција, кога во таа земја ќе се изгради центар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП