24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДоларот бележи остaр пад во однос на јапонскиот јен

Доларот бележи остaр пад во однос на јапонскиот јен

На светските берзи минатата недела вредноста на доларот во однос на кошничката валути падна, најмногу во однос на јапонскиот јен, додека во однос на другите валути курсот на доларот не осцилира значително.

Индексот на доларот, кој го покажува движењето на вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, минатата недела ослабна за 0,35 отсто, на 104,33 поени.

Истовремено, доларот се лизна за 0,3 отсто во однос на европската валута, па цената на еврото достигна 1,0615 долари.

Курсот на доларот во однос на јапонската валута потона, пак, за 2,8 отсто, на 132,80 јени.

Силниот пораст на јенот дојде откако лидерите на јапонската централна банка ги олабавија контролите на приносите на обврзниците на редовниот состанок на почетокот на оваа недела, што беше прв чекор кон нормализирање на монетарната политика по години ултра стимулативна политика за поддршка на економијата.

На јенот позитивно влијаеше и веста дека владата ја зголеми проценката за економскиот раст во следната година бидејќи очекува повисоки приватни инвестиции и раст на платите.

Во однос на другите важни светски валути, курсот на доларот не бележи значително флуктуирање.

Така, меѓу другото, се движеше во тесен опсег во однос на европската валута, во зависност од тоа дали новите економски показатели сугерираат дека американската централна банка ќе ги зголеми каматните стапки на повисоки нивоа од очекуваните или на пониски нивоа.

По серијата зголемувања од 0,75 процентни поени, во декември ФЕД ги зголеми каматните стапки за 0,50 поени на опсег од 4,25 до 4,50 отсто, што е нивно највисоко ниво во последните 15 години.

ФЕД ќе продолжи да ги зголемува каматните стапки и следната година, па проценките на првиот човек на централната банка покажаа дека конечната каматна стапка, на која ќе запре циклусот на зголемувања на каматните стапки, може да достигне 5,1 отсто.

Тоа значи дека следната година ФЕД би можел да ги зголеми каматните стапки за дополнителни 0,75 процентни поени, во опсег од 5 до 5,25 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП