2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД му испратија порака на Путин: Време е да ја признаеш реалноста

САД му испратија порака на Путин: Време е да ја признаеш реалноста

Соединетите Американски Држави го повикаа рускиот претседател Владимир Путин конечно да ја препознае реалноста и да ги повлече своите сили од Украина. Пораката до Путин од САД дојде откако рускиот претседател за прв пат ја нарече инвазијата на Украина „војна“, а не „специјална воена операција“.

Да потсетиме дека од почетокот на инвазијата, Путин го нарече конфликтот „специјална воена операција“ и потпиша закон со кој се криминализира војната да се нарекува војна. Тој закон го криминализираше она што руските власти го нарекуваат „лажирана терминологија“. Меѓутоа, самиот Путин на прес-конференцијата во четвртокот го употреби зборот „војна“, велејќи дека се надева дека „војната ќе заврши што е можно поскоро“.

„Од 24 февруари, САД и остатокот од светот знаеја дека „специјалната воена операција“ на Путин е неиспровоцирана и неоправдана војна против Украина. Конечно, по 300 дена Путин ја нарече војната со вистинското име“, изјави синоќа портпаролот на американскиот Стејт департмент.

„Како следен чекор во препознавањето на реалноста, го повикуваме да ја прекине војната со повлекување на своите сили од Украина“, рече портпаролот, додавајќи дека „без оглед на терминологијата на Путин, руската агресија врз нејзиниот суверен сосед резултираше со смрт. уништување и раселување на луѓе“.

„Луѓето во Украина нема да се утешат со фактот дека Путин го призна очигледното, исто како и десетици илјади семејства чии членови загинаа борејќи се во војната на Путин“, рече портпаролот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП