3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗDongfeng Motor сака да инвестира во Peugeot

Dongfeng Motor сака да инвестира во Peugeot

pezooa

На групацијата „PSA“ итно и се потребни пари. Тие средства не е лесно да се соберат, па Французите своите погледи ги свртуваат кон различни комбинации за кои порано никогаш не би им паднало на памет. Но времињата се менуваат, па така раководството на „Peugeot“ размислува за продажба на уделот во сопствеништвото на кинескиот „Dongfeng Motor“.

Гледајќи како кинескиот капитал го препороди „Volvo“, првите луѓе на „Peugeot“ одлучија решението за своите финансиски проблеми да ги побара во Кина. Иако се уште нема официјална потврда од „Peugeot“, се шпекулира дека веќе подолго време тие преговараат со „Dongfeng Motor“ за продажба на дел од сопствеништвото. Семејството „Peugeot“ моментално држи 25.5 проценти од брендот, но со продажбата на Кинезите, тие повеќе нема да имаат мнозински удел и ќе останат без контрола внатре во „Peugeot“.

Тоа моментално се чини дека не е најважно, поради тоа што сакаат брендот да го одржат во живот и да ги намалат големите загуби. Продажбата на споменатиот сопственички удел на „Dongfeng“ не би требало да биде проблематична, затоа што овие два производители веќе подолго време соработуваат. Имено „Peugeot“ и „Dongfeng Motor“ следната година ќе ја отворат третата заедничка фабрика во Кина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП