Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска им соопшти на украинските амбасадори дека САД подготвуваат дополнителни 45 милијарди долари за Украина и глобалната безбедност.
Зеленски повторно и се обрати на јавноста од Киев по враќањето од Вашингтон и вети победа во војната со Русија, а на украинските амбасадори им навести дека САД подготвуваат уште еден пакет помош за Украина во износ од 45 милијарди долари, пренесува АП.

