25 јуни, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАКипар штеди и на свечената парада

Кипар штеди и на свечената парада

kipar6

Кризата на Кипар ја погоди и прославата на годишнината од независноста на оваа земја од британската колонијална власт- оваа година на прославата нема да има тенкови и други возила.

Министерот за одбрана Фотис Фотиу рече дека на прославата на 53-годишнината на 1 октомври ќе учествуваат само луѓе, како во повеќето членки на ЕУ и дека тоа е доволно за оддавање на почит на независноста и за подигање на моралот.

Фотиу рече дека заштедените пари ќе бидат наменети за обезбедување на утрински оброк во училиштата во кои има деца од сиромашни семејства.

Невработеноста на Кипар е во пораст, и сега изнесува 17 проценти. Оваа земја во март со меѓународните кредитори договори пакет помош за својот банкарски сектор во вредност од повеќе милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар