19 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИ„Tencent“ го тресат внатрешни корупциски скандали

„Tencent“ го тресат внатрешни корупциски скандали

Основачот на кинескиот технолошки гигант „Tencent Holdings“ им кажал на вработените дека во компанијата се откриени многу проблеми со „корупција“ и дека лошото управување ја исцрпува, изјавија за „Reuters“ два извори запознаени со ова прашање.

Во ретка појава на незадоволство, Пони Ма на состанокот со персоналот на 15-ти декември рече дека внатрешните прегледи оваа година откриле коруптивни практики во најголемата азиска компанија за социјално вмрежување и игри, додаваат изворите.

Тој, исто така, ги нападна високите директори по една од најтешките години на „Tencent“ од нејзиното основање во 1998-ма година. Приходите на компанијата претрпеа од регулаторниот притисок и предизвиците поврзани со мерките за ограничување на ширењето на Ковид-19.

„Вашите проекти не можат да опстанат ниту како бизнис, тие се на животна поддршка, но вие само се забавувате за време на викендот“, рече Ма за време на состанокот, според официјален претставник кој ги слушнал коментарите и друг кој бил информиран за нив.

„Tencent“ не одговори на барањата за коментар. Изворите сакаа да останат анонимни поради чувствителноста на прашањето.

Во ноември, „Tencent“ објави втор последователен квартал на пад на приходите бидејќи кинеската економија забави и регулаторниот притисок ги погоди нејзините бизниси за рекламирање и игри.

До претходниот квартал, „Tencent“ бележеше двоцифрен раст во речиси секој квартал откако излезе на берза во 2004-та година.

Ма, кој обично се држи подалеку од очите на јавноста, исто така рече дека компанијата треба да се фокусира на кратки видеа за да постигне брз раст. Тој рече дека „WeChat Video“, платформата за кратко видео на „Tencent“, е „надежта“ на компанијата со седиште во Шенжен, велат изворите.

Тој предупредува дека групата треба да се навикне на строгиот режим на лиценцирање на Пекинг, па бројот на нови игри што Кина ќе ги одобри ќе остане ограничен на долг рок.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП