25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИFord инвестира 700 милиони долари во Онтарио

Ford инвестира 700 милиони долари во Онтарио

ford1

Автомобилскиот гигант „Ford“ има намера да инвестира 700 милиони долари во канадската фабрика „Oakville“ во Онтарио, а помош ќе понуди и канадската Влада.

„Денешната најава на „Ford“ е важна за канадската економија, бидејќи тоа значи зачувување на работните места и поголема конкуренција на канадскиот и меѓународниот пазар“, го пренесе АФП соопштението на управата на фабриката „Ford“ во Онтарио.

Оваа инвестиција нема да креира нови работни места, но ќе ги зачува постоечките 2.800 и ќе гарантира сигурност за вработените во наредните десет години.

Канадскиот „Ford“ моментално има 6.000 вработени, додека 18.000 Канаѓани работат кај повеќе од 400 концесионери на „Ford“ ширум земјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП