29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗToyota повторно прва во светот

Toyota повторно прва во светот

Toyota-Motor-Corp.

Компанијата „Toyota Motor Corp.“ објавила дека минатата година продала 9,748 милиони автомобили ширум светот.

Јасно е дека „Тoyota“  го симнала од престолот „General Motors“, кој минатата година продал 9,29 милиони автомобили.

„GM“ веќе седум децении бил прв во продажбата, се до 2008 година, кога титулата и ја препуштил на „Toyota“. На првото место „GM“ повторно се искачил во 2011 година, во време кога производството на „Toyota“ било погодено од земјотрес и цунами во Јапонија.

Најновите резултати бележат значително враќање на „Toyota“.

Германскиот „Volkswagen“ во 2012 година, ширум светот продал рекордни 9,1 милиони автомобили.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП