20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Dacia“ го подготвува лансирањето на својот прв хибрид (ФОТО)

„Dacia“ го подготвува лансирањето на својот прв хибрид (ФОТО)

Марката „Dacia“, дел од групацијата „Renault“, го најави претстојниот почеток на продажбата на својот прв хибрид. Тоа е „Jogger Hybrid 140“ со 7 седишта, кој е опремен со 1,6-литарски атмосферски мотор и електричен мотор кој развива вкупно 140 ks.

Од компанијата наведуваат дека нарачките за моделот ќе се примаат од јануари, а автомобилот ќе се појави во продажните салони на марката во март. Веќе се познати цените на „Jogger Hybrid“ на некои од пазарите во Европа. Во Франција, на пример, почнуваат од 24.600 евра, а во Италија од 25.200 евра.

Наелектризираниот „Dacia Jogger“ дебитираше на саемот во Париз оваа есен. Најдолгото крос-комбе во линијата на марката е придвижувано од единицата „E-Tech“ позната од „Renault Clio“ и „Captur“. Вклучува 1,6-литарски атмосферски мотор со внатрешно согорување кој развива 90 коњски сили, електричен мотор од 50 коњски сили поставен зад автоматски менувач и батерија од 1,2 kWh.

Ова е класичен хибрид кој е околу 40% поекономичен од конвенционалната верзија. Ќе се произведува и во фабриката на „Dacia“ во Миовени (Романија), опремена со автоматски менувач со режим „Б“, кој овозможува зголемено регенеративно сопирање и нуди обновување на енергијата, како и поголема удобност при возење во урбани услови со овој режим. Така, возачот може да ја минимизира употребата на педалата на сопирачката без да ја наруши удобноста на патниците во автомобилот.

Хибридниот „Jogger“ исто така располага со вграден компјутер со 7-инчен дисплеј кој прикажува различни делови по избор според преференциите на возачот, како и важни информации – како што се нивото на полнење на влечната батерија, расположливиот опсег, протокот на енергија, итн. Опремата на моделот вклучува и електрична рачна сопирачка, висока конзола со затворен простор за складирање и потпирач за рака.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП