20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОружје и пари: Американците би сакале тој да го води ММФ

Оружје и пари: Американците би сакале тој да го води ММФ

Норвешката телевизија тврди дека генералниот секретар на НАТО во заминување е фаворит на САД да ја води финансиската организација со седиште во Вашингтон.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг би можел да стане нов шеф на Меѓународниот монетарен фонд, објави во средата норвешка ТВ 2, повикувајќи се на „сигурни“ извори во Северноатлантската алијанса.

Извор на кој се повикува норвешката телевизија тврди дека генералниот секретар на НАТО во заминување е фаворит на САД да ја води финансиската организација со седиште во Вашингтон.

Во моментов, на чело на ММФ е бугарската економистка Кристалина Георгиева, чиј мандат завршува во 2024 година.

Јенс Столтенберг требаше да го напушти НАТО во септември, но неговиот мандат беше продолжен до крајот на 2023 година поради војната во Украина. Сè уште нема на повидок наследник на таа позиција, па многу медиуми шпекулираат дека Столтенберг би можел да го продолжи мандатот и по 2023 година.

Сепак, неколку високи политичари ги разгледуваат предлозите за нов генерален секретар на Алијансата. НАТО наводно има за цел да постави жена на своето чело за прв пат, а меѓу кандидатите се споменуваат словачката претседателка Зузана Чапутова, естонската премиерка Каја Калас и поранешната хрватска претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ.

„Њујорк тајмс“ на почетокот на ноември објави дека „водечкиот кандидат“ фаворизиран од Вашингтон да го замени генералниот секретар на НАТО во заминување е Кристи Фриленд е канадската заменик-премиерка и министер за финансии.

Фриленд е политичарка позната по својот силен проукраински и антируски став, таа е внука на Михаил Чомјак, кој издаваше пронацистички и антисемитски весник во окупираниот полски град Краков, потсетува РТ.

„Поддршката на Украина во војната против Русија од кој било кандидат ќе биде еден од клучните фактори“, пишува Њујорк Тајмс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП