17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBilfinger дели 1.250 откази

Bilfinger дели 1.250 откази

B

Германската градежна компанија „Bilfinger“, која е сопственик и на хрватската компанија „Џуро Џаковиќ Монтажа“, има намера во наредните две години да укине 1.250 работни места за да заштеди нешто повеќе од 100 милиони евра.

Компанијата ќе почне да дели откази во фискалната 2015 година, за да заштеди околу 90 милиони евра од трошоците за вработените и додатни 20 до 50 милиони евра за останати трошоци, се наведува во соопштението.

Во моментов „Bilfinger“ има 70.000 вработени низ целиот свет.

Во склоп на групацијата „Bilfinger Power Systems“ од 2009 година работи и хрватската компанија „Џуро Џаковиќ Монтажа“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП