30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСО „ПАТРИОТ“ ПРИСТИГНУВААТ 100 АМЕРИКАНСКИ ИНСТРУКТОРИ: Ветувањето на Вашингтон за испраќање оружје...

СО „ПАТРИОТ“ ПРИСТИГНУВААТ 100 АМЕРИКАНСКИ ИНСТРУКТОРИ: Ветувањето на Вашингтон за испраќање оружје во Киев, Москва го гледа како војна против Русија

Ветувањето на американскиот претседател Џозеф Бајден дека ќе испрати нова воена помош за Украина, која ќе вклучува една батерија од системот за противвоздушна одбрана Патриот, во Кремљ се гледа како желба на Вашингтон да води војна против Русија „преку застапник“.

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на САД е резултат на желбата на Американците да водат војна до последниот Украинец.

Песков посочува дека за време на разговорите на Зеленски во Вашингтон немало повици за мир. Зеленски ги повтори старите приказни за условите за мир, кои се нереални.

Во врска со одлуката на Бајден да и испрати на Украина „Патриот“, Песков рече дека тие ракетни комплекси, како и целото оружје што го користат украинските вооружени сили, ќе бидат цел на руските единици. Тој додаде дека САД и другите западни земји постојано го прошируваат „опсегот“ на оружје со повисоко техничко ниво. Тоа секако нема да придонесе за итно смирување на ситуацијата. Затоа демилитаризацијата на Украина останува една од главните задачи на руската армија.

Потпретседателот на Советот на Федерацијата, односно рускиот Сенат, Константин Косачев смета дека испраќањето „патриот“ во Украина дополнително ја вовлекува Америка во војна. Косачов рече дека „патриот“ се моќно оружје и прашање е кој ќе ракува со нив.

Познато е дека обуката на екипажот трае долго, а во Русија веруваат дека американски „инструктори“, односно екипаж од околу 100 луѓе, можат да дојдат во Украина. Впрочем, портпаролот на воздухопловните сили на Украина, Јуриј Игнат, за украинската телевизија објасни дека обуката на екипажот што ќе го користи „Патриот“ трае неколку месеци. Во Москва посочуваат дека домаќините на Зеленски во Вашингтон воопшто не ги интересира тоа што со нивното оружје се мета на цивилни објекти во Донбас.

По средбата меѓу Бајден и Зеленски, како и говорот на украинскиот претседател во Конгресот, рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов, оцени дека тие не се подготвени за мир.

-Помирливите зборови во администрацијата на Бајден дека не сакаат конфронтација со Русија се само празни приказни – рече Антонов и додаде дека Вашингтон треба да знае каква судбина го чека екипажот на „Патриот“ што ќе ги превезува во Украина.

Само еден ден по посетата на Зеленски на Вашингтон, Генералштабот на украинската армија објави дека од почетокот на војната биле убиени повеќе од 100.000 руски војници. Во Киев тврдат дека само во последните 24 часа загинале 600 руски војници, така што, според нив, вкупниот број на загинати Руси е 100.400.

Јасно е дека сето тоа е дел од украинската воена пропаганда, бидејќи дури и западните сојузници на Украина тврдат дека бројот на загинати руски војници е далеку помал од бројот на украинските војници. Генералштабот на украинската армија објави, всушност, бомбастична бројка за да ги поддржи зборовите на Зеленски во Конгресот дека со поголема помош од САД и целиот Запад може да ја победи руската армија.

Но, без оглед на приказните на Зеленски и неговите генерали, руските сили сега се во офанзива на источниот фронт, како што известуваат не само руските, туку и западните воени известувачи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП