Руускиот претседател Владимир Путин денеска изјави на новинарите дека Русија сака да стави крај на војната во Украина и дека сите вооружени конфликти на крајот завршуваат со дипломатски преговори.
„Не сакаме да ја ескалираме ситуацијата на линијата на фронтот. Напротив, сакаме да ја завршиме војната во Украина. Тоа беше и ќе остане наша цел. Ќе се обидеме да ставиме крај на тоа, се разбира – што побрзо , толку подобро“, рече Путин.

