5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОсновачот на FTX може на слобода - кауција од 250 милиони долари,...

Основачот на FTX може на слобода – кауција од 250 милиони долари, мора да биде во домашен притвор

Основачот на берзата за тргување со криптовалути FTX Сем Банкмен-Фрид, кој неодамна беше уапсен на Бахамите по налог на американскиот обвинител, ќе биде ослободен со кауција од 250 милиони долари.

Тој се појави пред судот на Менхетен откако синоќа беше екстрадиран од Бахамите.

Федералниот судија го одобри неговото ослободување од притвор, но наметна многу рестриктивни услови за кауција, вклучувајќи 250 милиони долари и услов тој да остане во домашен притвор со своите родители во Калифорнија, објави Њујорк Тајмс.

Според условите за кауција, Бенкман-Фрид ќе живее со родителите во Пало Алто, под строг електронски мониторинг, вклучувајќи и нараквица што ќе му биде ставена пред да ја напушти судницата.

FTX беше една од најголемите берзи за криптовалути во светот. 30-годишниот претприемач беше еден од луѓето зад популаризацијата на биткоинот и другите дигитални валути и стана милијардер, благодарение на FTX.

Берзата беше лансирана во 2019 година и беше со седиште на Бахамите. Компанијата поднесе барање за банкрот на 11 ноември, откако не успеа да собере пари за да го спречи сопствениот колапс, бидејќи трговците брзаа да ги повлечат своите 6 милијарди долари од платформата за само 72 часа.

Подоцна беше откриено дека Банкмен-Фрид тајно користел десет милијарди долари од средствата на неговите клиенти за да го поттикне својот трговски бизнис.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП