28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШведска се соочува со ризик од рецесија која ќе трае до 2024-та

Шведска се соочува со ризик од рецесија која ќе трае до 2024-та

Шведската економија следната година ќе влезе во подлабока и подолга рецесија отколку што се предвидуваше, бидејќи зголемените трошоци за енергија ја забрзуваат инфлацијата, погодувајќи ги домаќинствата и бизнисите, објави во четвртокот Министерството за финансии на земјата.

Бруто домашниот производ (БДП) на Шведска се очекува да се намали за 0,7% во 2023-та година, додека прогнозите во ноември бараа пад од 0,4%. Што се однесува до инфлацијата, таа следната година ќе биде на ниво од 6%, по претходно прогнозирање од 5,2%.

„Реков во октомври дека Шведска оди кон економска зима и она што сега го гледаме е дека зимата ќе биде подолга од очекуваното“, рече министерката за финансии Елизабет Свантесон на брифингот.

„Слаб раст… се чини дека нема да го достигне дното пред 2024-та година“, додаде министерката.

Прогнозите се за раст од 1% во 2024-та година, откако претходно се очекуваше раст од 2%. Во 2025-та година, пак, економијата ќе закрепне и ќе се прошири за 2,7 проценти.

Расположението меѓу домаќинствата во земјата стана значително помрачно во последниве месеци бидејќи потрошувачите беа изложени на висока инфлација, зголемување на цените на хипотеките и рекордни сметки за електрична енергија. Најновите податоци покажаа дека довербата на потрошувачите е близу рекордно ниско ниво во ноември.

„Важно е да се каже дека во моментов не гледаме на економска криза, туку на енергетска. Многумина се борат… но економијата како целина не“, истакна Свантесон.

Централната банка на Шведска ја зголеми основната каматна стапка на 2,5% оваа година за да го скроти растот на цените. Мерачот за инфлација на регулаторот достигна 9,5% во ноември, или многу над целта од 2%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП