4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHermitage Plaza - иднината на Париз

Hermitage Plaza – иднината на Париз

Hermitage-Plaza-2

„Hermitage Plaza“ е проект за два облакодери близнаци кој е проценет на околу 4 милијарди долари и ќе биде најголемата руска инвестиција во Европа, информира „Bloomberg“.

Се очекува изградбата на зградите да започне до крајот на 2013-та година и да заврши во 2018-та година. Двете гигантски кули ќе се малку пониски од Ајфеловата кула, но ќе го надминат облакодерот „Shard“, кој се наоѓа во Лондон. Со висина од 320 метри тие ќе заостанат околу 500 метри од оваа највисока зграда во светот – „Burj Khalifa“, која се наоѓа во Дубаи.

Во самите облакодери ќе има деловен центар, хотел со 5 ѕвездички, спа и фитнес центар, ресторани, канцеларии и панорамски станови. Проектот, чија локација е на брегот на реката Сена , ќе е со доминантен станбен дел кој ќе зазема 2/3 од 86-те ката. Се очекува секој од луксузните станови да се продаваат за минимум 4 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП