Бил Гејтс зборуваше за неговиот развод со сопругата Мелинда, нарекувајќи го „еден од најтешките периоди во неговиот живот и еден од неговите најголеми лични порази во последните неколку години“. Тој додаде дека ни изминатата година не му била лесна.
„Постигнав некои од најниските точки во мојот личен живот во последните неколку години, со смртта на татко ми и разводот од сопругата. Мелинда и јас продолжуваме да ја водиме нашата организација заедно, па најдовме нов работен ритам со кој сме задоволни. Но, не можам да негирам дека ова беше година на голема тага за мене“, напиша Гејтс на својот блог.

