Цената на природниот гас во Европа се намалува петти ден по ред, бидејќи метеоролозите прогнозираат дека температурите ќе останат благи до Нова година, додека залихите во складиштата за гас се полни.
Цената на гасот за испорака во следниот месец (фјучерс договори) падна на холандската берза за гас за 5,1 отсто на 92,75 евра за мегават-час во тргувањето во 10:12 часот, пишува Блумберг.
На британскиот пазар цената на фјучерсите на гасот денеска падна за 5,6 отсто, додава њујоршката агенција без да ја прецизира точната сума.
Цените на гасот во Европа беа на надолна траекторија во последните две недели благодарение на благото време што ја намали побарувачката за гас. Дополнително, потрошувачката на индустриски гас, веќе намалена поради високите цени на бензинот на почетокот на годината, е намалена овие денови како што е вообичаено за време на празничната сезона.
Снабдувањето со течен природен гас (LNG) е сè уште силно, флота танкери плови кон северозападна Европа, а Германија лансираше два нови увозни терминали, се додава во текстот.
Сепак, трговците внимателно ги следат пазарните услови за можни сигнали за пресврт во снабдувањето со гас, бидејќи разликата во цените меѓу Европа и Азија останува тесна.
Американските извозници на ЛНГ сметаат дека продажбата во февруари ќе биде подеднакво профитабилна и во двата региона, додека во Европа ќе бидат попрофитабилни во март, наведува „Блумберг“.