Володимир Зеленски пристигна пред Белата куќа. За него е подготвен црвен тепих и две знамиња кои стојат едно до друго, јави Би-Би-Си.
Претседателот Бајден и неговата сопруга Џил се сретнаа со украинскиот лидер, а потоа се ракуваа и позираа за неколку фотографии.
Лидерите во моментов се упатија во Белата куќа на средба во Овалната соба, која се очекува да трае околу два часа.