28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИIkea во Србија ќе вложи 250 милиони евра и ќе вработи 2.000...

Ikea во Србија ќе вложи 250 милиони евра и ќе вработи 2.000 луѓе

ik

Компанијата „Ikea“, планира во Србија да инвестира 250 милиони евра во отварање и развој на пет стоковни куќи, во кои ќе вработи повеќе од 2.000 луѓе, но сеуште не се знае кога.

Од шведската компанија за производство на мебел, изјавуваат дека за изградба на првиот објект се потребни 12 месеци и дека се подготвени да започнат со изградбата, веднаш откако ќе завршат со неопходните административни процедури.

Со партнерите имаат веќе потпишан предговор и избрана локација, очекуваат само од надлежните институции што поскоро да го решат проблемот со конверзија на земјиштето, кој е предуслов за започнување на проектот.

Потоа останува само да ги добијат локациските, градбени и останати релевантни дозволи.

„Веруваме во ветувањата на градските и државни власти, дека се ќе биде завршено колку е можно поефикасно и во согласност со законот. Ние сме во постојан контакт со претставниците на локалните и државните власти и соработката е на одлично ниво“, изјавија од компанијата.

Според планот, „Ikea“ својата прва стоковна куќа ќе ја изгради во Белград, потоа во Нови Сад, Ниш, па потоа уште една во Белград, додека петтата локација сеуште не е најдена, но се најавува дека ќе биде некаде во јужниот дел на Србија.

Станува збор за долгорочни инвестиции во наредните неколку години, но во овој момент не можеме да ја предвидиме динамиката на изградба на продажните објекти, бидејќи тоа зависи од развојот на пазарот, куповната моќ на населението и вкупната економска состојба, објаснуваат од „Ikea“.

Како што е наведено, стратешка одлука на компанија е на пазарот на Србија да отвори пет стоковни куќи, но и понатаму да ја развива соработката со домашните производители на мебел.

„Задоволни сме од нашето досегашно искуство во Србија и од партнерството со домашните произведувачи. Со „Simpo“ соработуваме веќе 30 години. Во 2012 година достигнавме промет од 20 милиони евра, во споредба со минатите четири години каде прометот изнесуваше 2,5 до 3 милиони“, изјавуваат од компанијата.

Компанијата „Ikea“, успешна соработка има и со компанијата „Јасен-Лукич“, која остварува промет од околу 5 милиони евра.

Еден од регионите кој е во постојан развој е регионот кој ги опфаќа Словенија, Хрватска, Романија, Србија, со седиште на компанијата во Белград и како што изјавиле, многу важен за „Ikea“.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП