7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо американскиот Конгрес беше претставен предлог буџетот од 1.700 милијарди долари

Во американскиот Конгрес беше претставен предлог буџетот од 1.700 милијарди долари

Лидерите на Конгресот го претставија владиниот предлог-закон за јавна потрошувачка, односно буџет, во износ од 1.700 милијарди долари, кој го вклучува досега најголемиот пакет помош за Украина и би изнесувал 45 милијарди долари.

Нацрт-законот вклучува скоро 10 отсто зголемување за одбраната и приближно 40 милијарди долари за да им помогне на заедниците низ Соединетите држави да закрепнат од суши, урагани и други природни катастрофи, објави Гласот на Америка.

Нацрт-законот, напишан на 4.155 страници, вклучува 772,5 милијарди долари за дискрециони програми на американската администрација кои се однесуваат на идбраната и 858 милијарди долари за национална одбрана.

Доколку биде усвоен, овој закон ќе трае до крајот на американската фискална година следниот септември.

Законодавците доцнат речиси три месеци со предлог пакетот трошоци за 2023 година. Таа требаше да биде завршена до 1 октомври, кога почна фискалната година на Владата.

Доколку законот не биде усвоен до петок на полноќ, може да дојде до делумно затворање на американската влада, бидејќи истекува еднонеделниот предлог-закон за привремени трошоци донесен минатата недела.

Предлог-законот за привремени трошоци беше договорен токму за да им се даде на членовите на Конгресот повеќе време да работат на сеопфатна легислатива за трошење.

Алтернативна можност, со која би се избегнало прекин на работата на владините агенции и институции за време на божиќните и новогодишните празници, е донесување на уште едно краткорочно решение.

Во изминатите недели американските законодавци работеа на тоа да вклучат што е можно повеќе приоритети во големиот пакет, имајќи предвид дека тоа е веројатно последниот голем закон на тековната седница на Конгресот на САД, а мандатот на членовите на Конгресот избрани во ноемвриските избори почнуваат во јануари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП