30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗеленски патува во Вашингтон, најави средба со Бајден и обраќање пред Конгресот

Зеленски патува во Вашингтон, најави средба со Бајден и обраќање пред Конгресот

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе го посети Вашингтон каде ќе се сретне со американскиот претседател Џозеф Бајден, потврдија од Белата куќа.

На Конгресот ќе се обрати и претседателот на Украина.

Зеленски ја потврди посетата на САД на Твитер, наведувајќи дека тоа ќе биде можност за зајакнување на одбранбените капацитети на Украина.

Според претходната изјава на висок американски функционер, помошта ќе го вклучи и системот за противракетна одбрана „Патриот“.

Заминувањето во Вашингтон ќе биде прво патување на Зеленски надвор од земјата по руската инвазија во февруари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП