10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИФорд привремено ја затвора фабриката во Романија

Форд привремено ја затвора фабриката во Романија

Ford_Produktion_Saarlouis

Романската филијала на Форд ќе го прекине своето работење за 13 дена во октомври, јави Ројтерс. Ваквиот чекор се презема поради намалената побарувачка на европскиот автомобилски пазар.

Форд кој ја купи автомобилската фабрика во Крајова во 2008-та, минатата година започна со производството на моделот „B-Max“. Инаку од погоните на оваа фабрика дневно излегуваат 370 автомобили и 1000 мотори.

Главните извозни дестинации на компанијата се Германија, Италија, Шпанија, Франција и Велика Британија, која е и најголем клиент на компанијата.

Повеќе од половина од работниците во фабриката ќе бидат ослободени за овој период, но ќе добиваат 80 проценти од платата. Компанијата веќе затвори две помошни фабрики во Велика Британија и планира затворање на уште една во Белгија кон крајот на следната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП