3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВладата ќе субвенционира нови авиолинии за периодот 2023-2025 година

Владата ќе субвенционира нови авиолинии за периодот 2023-2025 година

Министерството за транспорт и врски го објави јавниот повик за финансиска поддршка за нови авиолинии за период 2023-2025 година.

Новитет е што на повикот можат да се изберат повеќе авиокомпании, а за следната 2023 година, во буџетот се превидени 1,1 милион евра за оваа намена.

На денешната прес конференција, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски ги презентираше критериумите наведени во јавниот повик.

„Заинтересираните авиокомпании да поседуваат уверение за работа издадено од земја членка на Европската Унија согласно прописите за издавање на уверение за работа на авиопревозници; Да имаат превезено најмалку 10 милиони патници во 2019 година; Да имаат остварено профит од минимум 25 милиони евра во 2019 година; Да достават изјава заверена на нотар, дестинацијата за која добива финансиска поддршка од државата и по завршувањето на финансиската поддршка да продолжи да ја оперира за период за кој ги добивал субвенциите. Во спротивно ќе биде должен да го врати целиот износ на средства што ги добил како финансиска поддршка“, образложи Бочварски говорејќи за критриумите.

Финансиската поддршка ќе се доделува согласно критериумите за рангирање на новите дестинации по следниот редослед: период на oперирање на дестинацијата; број на неделни летови; aтрактивност на аеродромот кон кој оперира; број на седишта понудени на продажба

Финансиската поддршка ќе изнесува 7 евра во денарска против вредност по патник во заминување превезен од Меѓународен аеродром Скопје, 4,5 евра во денарска против вредност по патник во заминување превезен од аеродромот Св. Апостол Павле – Охрид.

Бочварски оцени дека освен годините на ковид пандемијата, развојот на авиосообраќајот се движи во нагорна линија.

„Се вративме на посакуваните бројки од над 2 милиони превезени патници и веруваме дека се уште имаме капацитет и можности да го развиваме авиосообраќајот во земјата“, рече Бочварски.

Последните податоци, заклучно со денеска покажуваат дека се превезени околу 2,3 милиони патници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП