18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТ„СЕКРЕТАРКАТА НА ЗЛОТО“ ОСУДЕНА НА ЗАТВОР! Соучесник во убиство на повеќе од...

„СЕКРЕТАРКАТА НА ЗЛОТО“ ОСУДЕНА НА ЗАТВОР! Соучесник во убиство на повеќе од 10.500 луѓе

„Секретарката на злото“, како што ја нарекоа медиумите, е осудена на условна затворска казна од две години.

Ирмгард Фуршнер (97) работела како секретарка во логорот Штутхоф од јуни 1943 година до април 1945 година и била прогласена за виновна за соучесништво во убиство на повеќе од 10.505 луѓе. Таа е осудена на двегодишна условна затворска казна. „Секретарката на злото“, како што ја нарекоа медиумите, работела за нацистичкиот командант во логорот.

Иако таа беше државен службеник, судијата се согласи дека е целосно свесна за злосторствата што се случувале во Штутхоф. Во тој логор загинаа околу 65.000 луѓе, вклучително и евреи, заробени советски војници и други. Иако секојдневно добивала писма и радио пораки од командантот на Штутхоф, Пол Вернер Хоп, таа тврди дека не знаела за злосторствата што се случиле во логорот.

„Мојата клиентка работеше со офицери на СС кои имаа искуство во насилство, меѓутоа, дали тоа значи дека таа го знаеше истото како нив? Не мора“, рече нејзиниот адвокат Волф Молкентин.

Во Штутхоф, лоциран во близина на Гдањск, Полска, биле користени голем број брутални методи на мачење и убивање затвореници, вклучително и гасни комори. Кога судењето започна во септември 2021 година, Фуршнер побегна од својот дом за стари лица, но набрзо беше пронајдена во Хамбург.

Командантот на Штутхоф, Пол-Вернер Хоп, беше одведен во затвор во 1955 година за злосторства во логорот, но беше ослободен пет години подоцна. Дури неодамна, Фуршнер за прв пат проговори, велејќи: „Жал ми е за се што се случи“.

Инаку, и се судеше како малолетничка бидејќи тогаш била помлада од 21 година. Нејзината одбрана тврдеше дека Фуршнер не можела да знае што се случува во кампот и дека таа била само една од неколкуте секретарки.

Сепак, историчарот Стефан Хордлер одигра клучна улога за време на судењето, водејќи ги двајцата судии низ Штутхоф. Таму имаа можност да видат дека секретарката може да види какви ужаси се изведуваат од нејзиното работно место.

Сведоштвата што можеа да се слушнат за време на судењето уште еднаш фрлија светлина врз ужасите што владееја во Штутхоф. Една од преживеаните, Риса Силберт (93) истакна дека затворениците прибегнале кон канибализам за да преживеат.

„Штутхоф беше пекол. Имаше канибализам. Луѓето беа гладни и ги сечеа труповите, сакаа да го земат црниот дроб“, изјави таа. Како што рече, таа е родена во Литванија во 1929 година, а во август 1944 година била однесена во логорот Штутхоф во Полска со нејзината мајка и сестра. Татко и и брат и биле убиени во 1941 година.

Се верува дека ова судење би можело да биде едно од последните кога станува збор за злосторствата извршени за време на нацистичка Германија, иако неколку истраги се уште се во тек.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП