Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко изјави дека Москва на Минск му ги испорача системите за воздушна одбрана со долг дострел С-400 Триумф и оперативно-тактичкиот ракетен систем Искандер.
При вчерашната посета на рускиот претседател Владимир Путин на Минск, Лукашенко и се заблагодари на Русија за испораката на тоа оружје, пренесува Интерфакс.

