8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРекорден извоз на американските производи

Рекорден извоз на американските производи

sad2

Претседателот Барак Обама изјави дека Обединетите Американски Држави никогаш не извезувале поголем број на производи од сега и најави дека моменталниот рекорд повторно ќе го надминат во текот на оваа година.

Обама на денешниот состанок ги пофали членовите на Советот за извоз, поради тоа што веднаш одговриле на итните потреби на американскиот народ во поглед на економското обновување.

Исто така, тој додаде дека во приватниот сектор се отворени нови 7,5 милиони работни места, тој оцени дека економијата имала голема корист од помалиот увоз на нафта и од извозот на рекордниот број на производи во целиот свет.

Претседателот нагласи дека законот за поприфатлива здравствена заштита, кој е наречен „Обамакер“, придонесе со најмал раст на трошоците на здравствената заштита во текот на изминатиот век. Пониските трошоци, како што изјави претседателот, се повеќе корисни за компаниите и поединците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП