10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПУТИН: Русија нема намера да ја анектира Белорусија

ПУТИН: Русија нема намера да ја анектира Белорусија

Рускиот претседател Владимир Путин денеска пристигна во еднодневна работна посета на Минск, каде разговараше со белорускиот претседател Александар Лукашенко.

Путин оцени дека белоруско-руските разговори во проширен формат, кои се одржаа во Минск, биле ефективни.

„Ми се чини дека денешната средба беше многу продуктивна“, изјави Путин по средбата со Лукашенко.

Русија и Белорусија постојано ја продлабочуваат економската интеграција за да го подобрат животниот стандард на граѓаните, рече Путин.

Во таа прилика Путин одговори и на „гласините“ за наводниот обид на Русија да ја анектира Белорусија.

„Русија не е заинтересирана да припои никого. Тоа е едноставно несоодветно денес“, посочи тој.

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, кој се сретна со неговиот белоруски колега Сергеј Алејник, изјави дека разговорите меѓу двајцата претседатели го потврдиле курсот кон зајакнување на независноста на двете земји.

Денеска двајцата претседатели потврдија непоколеблив курс кон зајакнување на нашата независност, нашиот суверенитет, државната заедница“, рече Лавров.

Како што соопшти прес-службата на Кремљ, планирано е да се разговара за клучните прашања за понатамошниот развој на руско-белоруските односи на стратешко партнерство и сојуз со акцент на интеграциската соработка во рамките на Федералната држава, како и за актуелни теми.

Претседателите ќе дадат приоритет на безбедносните прашања, ќе разменуваат мислења за ситуацијата во регионот и во светот и ќе разговараат за заеднички одговори на новите предизвици, објави Кремљ претходно.

Во последните три години, сите нивни сеопфатни билатерални преговори се водеа во Русија. Претседателите комуницирале и на самити во други земји, но најчесто накратко или на општи мултилатерални состаноци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП