29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Volkswagen“ најави нов електричен кросовер (ФОТО/ВИДЕО)

„Volkswagen“ најави нов електричен кросовер (ФОТО/ВИДЕО)

„Volkswagen“ планира големи инвестиции во електромобилноста и најавува нов кросовер модел. Германскиот автомобилски гигант ќе инвестира 460 милиони евра во модернизација на фабриката во Волфсбург, која ќе ја подготви за производство на електрични модели.

Производството на модели на механичката платформа „MEB“ треба да започне веќе следната година. Ова го потврди Томас Шефер, првиот човек на „Volkswagen“, кој на работниците им порача дека производството на моделот „ID.3“ ќе започне следната година, а фабриката ќе работи со полн капацитет од 2024-та година.

„Volkswagen“ ја претставува електромобилноста за секого. И Волфсбург ќе биде дел од оваа успешна приказна“, рече Шефер.

„Зголемувањето на производствениот капацитет на „ID.3“ е првиот важен чекор кон електрификацијата на нашата главна фабрика. Заедно со рестилизираниот „ID.3“, на пазарот доаѓа нов кросовер кој ќе ја користи обновената платформа „MEB“, вели шефот.

Новата платформа „MEB+“, како најголема иновација, носи батерии со нова технологија, кои, според претставниците на „Volkswagen“, ќе нудат автономија до 700 километри.

Исто така, идните модели ќе можат да се полнат на брзи полначи од 200 kW.

„Новиот модел идеално ќе ги надополни нашите најпродавани „ID.4“ и „ID.5“. На овој начин имаме намера дополнително да ја прошириме нашата пазарна позиција и да им обезбедиме на нашите клиенти висококвалитетни возила што ги очекуваат од нас“, рече Шефер.

Интересно е што платформата „MEB“ ќе остане во производство до понатамошно известување. До 2026-та година се најавени вкупно 10 електрични модели, а меѓу нив е и нов модел со цена од 25.000 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП