4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКорисниците на Твитер пресудија: Маск да си оди

Корисниците на Твитер пресудија: Маск да си оди

Корисниците на Твитер гласаа за Илон Маск повеќе да не биде извршен директор на платформата, откако милијардерот започна анкета.

Вкупно 57,5% од оние кои гласаа рекоа „да“, откако Маск побара од своите 122 милиони следбеници да одлучат дали треба да остане или да се повлече од функцијата извршен директор.

Откако го презеде Твитер, милијардерот се соочи со многу критики за начинот на кој го води Твитер.

Маск се уште не ги коментирал резултатите од анкетата во која гласале 17,5 милиони луѓе.

Во минатото, Маск беше приврзаник на резултатите од анкетите што ги спроведе на Твитер. Тој ја пропагира изреката „vox populi, vox dei“, која е латинска поговорка која грубо се преведува како „гласот на народот е гласот на Бога“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП