4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмериканската амбасада: Без оглед на пресудите, санкциите против Мијалков остануваат во сила

Американската амбасада: Без оглед на пресудите, санкциите против Мијалков остануваат во сила

Амбасадата на САД ги следи одлуките на судот за предметот „Таргет – Тврдина“, кој се однесува на масовното прислушување, и за „Трезор“, двата со укинати пресуди од Апелација, со што е ослободен Сашо Мијалков. Од таму не навлегуваат во коментирање на ваквите одлуки на судиите. Но, децидни се дека Мијалков останува на т.н. црна листа на САД.

„Без оглед на неодамнешните одлуки на судот во случаите ‘Трезор’ и ‘Таргет – Тврдина’, санкциите на САД против Сашо Мијалков остануваат во сила“, велат од Амбасадата на САД за „А1он“.

Апелација ја укина пресудата за „Таргет – Тврдина“, случајот за масовното прислушување во Македонија. Со ова предметот се враќа на повторно судење, а ослободени од вина се ексдиректорот на УБК и првоосомничен, Сашо Мијалков, кој доби 12 години, ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, осудена на четири години, началникот на Петтата управа на МВР, Горан Грујевски, кој е во бегство и осуден е на 15 години, како и Никола Бошкоски, кој исто така е во бегство, а изречена му е 15-годишна затворска казна. Претходно, Мијалков беше ослободен за случајот „Трезор“.

Со потпишувањето на одлуката за укинување на пресудата за масовното прислушување, апелациските судии потпишаа и застарување на делата.

Застарувањето на делата за Мијалков и другите обвинети за прислушувањето значи дека државата ќе треба да им плаќа отштета на сите незаконски прислушувани. Ова е трето по ред прислушување, кое е на пат да остане неказнето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП