19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДАЛИ МЕСИ ЌЕ ИГРА НА СЛЕДНОТО СП? „Ако сака да продолжи да...

ДАЛИ МЕСИ ЌЕ ИГРА НА СЛЕДНОТО СП? „Ако сака да продолжи да игра, „десетката“ секогаш ќе го чека“ (ФОТО)

Следното Светско првенство ќе се игра за три и пол години кога капитенот на Аргентина ќе има 38 години.

Фудбалската репрезентација на Аргентина го освои Светското првенство по трет пат во историјата, но прво по 36 години, победувајќи ја Франција на пенали.

До првото Светско првенство во кариерата стигна и легендарниот Лионел Меси (35), кој на овој начин си ја „заокружи“ титулата најдобар во историјата на оваа игра.

Зад капитенот на „гаучосите“ стојат бројни рекорди, а тој самиот откри дека ќе продолжи да го носи дресот на репрезентацијата, иако многумина очекуваа дека ќе се пензионира.

Она што се уште е нејасно е дали ова е последно Светско првенство во кариерата на фудбалерот на Пари Сен Жермен, бидејќи следниот ќе се игра за три и пол години.

Тогаш Лео ќе има 38 години, а тренерот Лионел Скалони изјави дека дефинитивно го чека место во тимот бидејќи тоа го заслужил без разлика на формата.

-Меси треба да има место на следното Светско првенство, сакаме да продолжи. Ако сака да продолжи да игра, „десетката“ секогаш ќе го чека. Го заслужи правото сам да одлучи што ќе прави со кариерата и со репрезентацијата, изјави Скалони.

За влијанието на Меси врз соиграчите не треба да се зборува премногу.

-Никогаш порано не сум видел она што тој им го пренесува на соиграчите, толку многу да влијае на своите соиграчи. Ова е неверојатно, изјави селекторот на Аргентина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП