5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДаночните измами ја чинат ЕУ 200 милијарди евра годишно

Даночните измами ја чинат ЕУ 200 милијарди евра годишно

euizmami1

Европската унија секоја година губи околу 200 милијарди евра во даночните приходи поради измами и грешки, соопшти Европската комисија.

„Обемот на приходите кои ги губиме на ваков начин е неприфатлив, особено кога ќе се земе во превид какво влијание би имале тие пари во зајакнувањето на јавните финансии“, изјави еврокомесарот за даночна политика Алгирдас Шемета.

Според истражувањето на ЕК кое опфати 26 од 28 членки на Европската унија, дури 193 милијарди евра им избегале на даночните власти во 2011 година.

Загубите се најголеми во најголемите и најбогатите економии: 36,1 милијарда во Италија, 32 милијарди во Франција и 27 милијарди во Германија.

И во земјите кои се во рецесија и имаат голема стапка на невработеност процентот иако не е висок како во богатите земји, сепак постои, тој во Романија изнесува 8 проценти, а  4,5 проценти во Грција.

Во извештајот на комисијата се наведува дека најголема причина за ваквите загуби се даночните измами со кои се служат лицата или компаниите во ЕУ. Доцнењето со плаќањето, банкротите и административните грешки исто така играат значајна улога, како и лошите економски услови и големата стапка на невработеност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП