„Со олеснување на мерките против епидемијата и со оглед на отпорноста и потенцијалот на нејзината економија, кинеската економија ќе заживее следната година и ќе продолжи да биде сигурна и важна движечка сила на глобалната економија во 2023 година“, тврдат економските аналитичари и цитирани од CGTN.
Добрите очекувања дополнително ги зајакна годишната Централна економска работна конференција во Пекинг, која заврши во петокот, со утврдени принципи за економски развој за следната година и уредени приоритети. Пред сè, тука е проширувањето на домашната побарувачка, забрзувањето на изградбата на модерен индустриски систем, консолидацијата на јавниот сектор и поддршката на приватниот бизнис, привлекувањето на повеќе странски инвестиции, како и спречувањето на големи економски и финансиски ризици.

