21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина ќе се соочи со три бранови на корона оваа зима, вели...

Кина ќе се соочи со три бранови на корона оваа зима, вели главниот кинески епидемиолог

Откако Пекинг ја напушти својата политика за нулта ковид, главниот кинески епидемиолог Ву Зунју рече дека Кина ќе се соочи со три бранови на корона оваа година.

Градовите низ Кина со 1,4 милијарди луѓе се подготвуваат за првиот бран на инфекции, откако по две години строги ограничувања беа ублажени. Претседателот Си Џинпинг ги суспендираше апликациите за следење контакти и им порача на граѓаните да останат дома доколку развијат благи симптоми. Претходно ваквите граѓани беа праќани во преполните болници.

Кина ги укина ограничувањата за Ковид-19 поради протестите низ целата земја кои се претворија во повици до претседателот и неговата Комунистичка партија да се повлечат. Кинеските државни медиуми во саботата го цитираа главниот епидемиолог на земјата, Зунју, кој рече дека доколку се укинат строгите политики за ограничување една година порано, околу 250.000 луѓе би умреле во Кина, пишува Индипендент.

Епидемиологот предвидува три бранови на инфекција

Епидемиолог вели дека Кина сега е во првиот од трите бранови на корона што ќе ја следат земјата оваа зима. Zунју очекува втор скок кога жителите масовно ќе се вратат во нивните региони од лунарните новогодишни празници во јануари. Третиот бран на инфекција, вели главниот кинески епидемиолог, ќе биде од февруари до средината на март кога луѓето ќе се вратат на своите работни места.

Зунју вели дека процентот на сериозно болни пациенти со Ковид опадна на помалку од 0,2 отсто од пријавените случаи, од 3,3 отсто минатата година и скоро 16,5 отсто во 2020 година. Сепак, официјалните броеви на случаи станаа несигурни откако Кина се откажа од масовното тестирање овој месец. Затоа Кина престана да објавува податоци за асимптоматски случаи минатата недела.

Официјалниот број на починати во Кина, исто така, беше доведен во прашање откако новинската куќа „Каиксин“ објави детали за повеќекратните смртни случаи на коронавирус што допрва треба да се додадат на 5.235 смртни случаи во Пекинг од почетокот на пандемијата. Според извештајот на здравствените власти, последниот смртен случај се случил на 23 ноември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП