1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВојна во Украина: Русите утрово ја погодија клучната инфраструктура во Киев

Војна во Украина: Русите утрово ја погодија клучната инфраструктура во Киев

Најновите руски напади ја погодија „клучната инфраструктура“ во и околу Киев рано утринава, соопштија украинските власти, додавајќи дека системите за противвоздушна одбрана уништиле приближно 15 од 20-те беспилотни летала насочени кон главниот град.

Градоначалникот на Киев рече дека според првичните информации нема загинати или повредени во нападот на главниот град и дека здравствените работници се во погодените области Соломјански и Шевченков. „Како резултат на нападот на главниот град – оштетени се критични инфраструктурни објекти“, изјави Виталиј Кличко преку апликацијата Телеграм.

„Инженерите за енергетика и топлинска енергија работат на брзо стабилизирање на состојбата со снабдувањето со енергија и греењето“, додаде тој.

Русија употреби околу 35 беспилотни летала Шахед од иранско производство во нападите врз Украина во понеделникот, од кои 30 беа уништени, соопшти украинското воздухопловство.

Олескиј Кулеба, гувернер на регионот Киев, кој не го вклучува главниот град, но го опкружува, рече дека инфраструктурата и приватните домови биле оштетени во ноќните напади со беспилотни летала. Според првичните информации две лица се повредени. Украинските вооружени сили тврдат дека беспилотните летала биле лансирани од источниот брег на Азовското Море.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП