27 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСуперовошје кое треба да го јадете секој ден

Суперовошје кое треба да го јадете секој ден

Плодот од калинката крие вистинско богатство од влакна, витамини, минерали…

Калинката е овошје кое, покрај бобичестите овошја и мангото, нутриционистите го сметаат за суперовошје. Освен високата количина на витамин Ц, калинката содржи и неколку витамини од Б групата, како и неколку антиоксиданси. Поради сето тоа, на оние кои редовно ја консумираат им се гарантира силен имунитет.

Во 100 грама калинка има и околу 4 грама влакна, па оние кои ќе изедат неколку бобинки дневно во организмот ќе внесат 12 проценти од препорачаната дневна количина на влакна.

Ова суперовошје ги содржи и минералите калциум, калиум, бакар и манган, како и витаминот К, пантотенска киселина и фолати.

Нутриционистите советуваат дека подобро е да се консумира свежа, но можете да ја внесувате и во облик на свежо исцеден сок.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП