Американската компанија Блумберг денеска објави сопствена пресметка, според која Европа изгубила околу трилион долари од почетокот на руската интервенција во Украина и енергетската криза предизвикана од санкциите.
Во анализата се наведува дека ова е само почеток на голема енергетска криза на Стариот континент, бидејќи и онака високите цени ќе продолжат да растат во наредните години.

