26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТШОЈГУ НА ПРВАТА ЛИНИЈА НА ФРОНТОТ! СЕ ПОЈАВИ СНИМКА ОД ХЕЛИКОПТЕР: Изгледа...

ШОЈГУ НА ПРВАТА ЛИНИЈА НА ФРОНТОТ! СЕ ПОЈАВИ СНИМКА ОД ХЕЛИКОПТЕР: Изгледа како реклама, никој не е сигурен од каде е видеото

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу наводно ја посетил Украина со хеликоптер каде ги посетил војниците на линијата на фронтот.

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу ги посети војниците вклучени во, како што ја нарекува Москва „специјалната воена операција“ на Русија во Украина, соопшти рано утринава Министерството за одбрана на апликацијата Телеграм.

Москва ја нарекува инвазијата на Украина „специјална воена операција“ чија цел е „демилитаризација“ и „деназификација“ на соседната земја. Киев и нејзините сојузници ја нарекуваат неиспровоциран чин на освојување. Министерството соопшти дека Шојгу разговарал со војниците на „линијата на фронтот ” и “командна позиција”. Сепак, не е јасно кога се случила таа посета или дали Шојгу бил во Украина.

На кратко видео објавено со соопштението за печатот се гледа Шојгу во воен хеликоптер и неколку воздушни кадри, кои се чини дека се снимени за промоција на руската војска.

Најавата дојде еден ден откако рускиот претседател Владимир Путин се сретна со највисоките воени команданти, вклучително и Шојгу, каде што ги побара нивните ставови за тоа како треба да продолжи руската воена кампања во Украина. Во најголемиот конфликт во Европа по Втората светска војна, илјадници луѓе загинаа, милиони беа раселени, а многу градови беа уништени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП