19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШпанија тестира пократка работна недела без намалување на платите

Шпанија тестира пократка работна недела без намалување на платите

Шпанија почна да ја испитува можноста за скратување на работната недела, без намалување на платите, како дел од мал пилот проект, објави државната телевизија РТВЕ, повикувајќи се на Министерството за индустрија.

Проектот ќе трае две години и доколку резултатите бидат позитивни мерката може да се прошири и на други делови од пазарот на трудот.

Во Службен весник е објавено дека за тој проект се обезбедени 10 милиони евра, а во него можат да учествуваат мали и средни претпријатија со најмногу 249 вработени, пренесе Хина.

Државата ќе им исплати 150.000 евра доколку неделно го намалат бројот на работни часови за најмалку 10 отсто за 25 до 30 отсто од својата работна сила, во зависност од големината на компанијата.

Компаниите кои учествуваат во проектот мора да презентираат внатрешни организациски подобрувања во првата година од пробниот период, со цел да се подобри продуктивноста.

Секоја компанија има можност да одлучи дали ќе го намали бројот на работни часови дневно или ќе воведе четиридневна работна недела.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП